Бизнис планови – пристап до финансирање

Бизнис план е документ кој во детали ги дефинира целите на една компанија и чекорите како истите ќе се постигнат. Во бизнис планот се опфатени сите аспекти на работењето вклучувајќи продажба, маркетинг, финансии и оперативно работење. Целта на бизнис планот е да даде увид во долгорочните стратешки определби на компанијата, да обезбеди финансирање (доколку е потребно) и да го предвиди растот и развојот на компанијата. Освен што ќе Ви помогнеме во изработка на бизнис план, целосно го преземаме и процесот на аплицирање за финансирање, вклучително и преговори со банките и други нефинансиски институции. 

Зошто е значајно креирањето на реален бизнис план?

Анализа на пазарот, продажба и маркетинг

Анализа на индустријата во смисла на трендови и карактеристики, која е конкуренцијата и кои се нејзините силни страни. Дефинирање на продажни канали, продажна и маркетинг стратегија

Анализа на производот/услугата

Детален опис на производот/ услугата која ќе се нуди во смисла на која е неговата компаративна предност, која потреба ја задоволува и кој е неговиот животен циклус

Организациона структура и менаџмент

Каква ќе биде структурата на компанијата и кој ќе управува со истата. Која е правната форма, колку сектори и вработени ќе има, тип на систематизација

Финансиски проекции

Проекција на основните финансиски извештаи: Биланс на состојба, Биланс на успех и Извештај за готовински текови

Подготвени сте да работиме заедно?

Доколку имате некои дилеми, побарајте не за да можеме да поразговараме и да Ви помогнеме во креирањето на успешен бизнис план и добивање на адекватно финансирање