Курсеви

Курсеви

Дали често се соочувате со следните прашања:

Како може на сметка во банка да имам 10.000 денари кога знам дека овој месец издадов фактури во вредност од 50.000 денари?

Како може сметководителот да ми кажува дека имам добивка од 50.000 денари за оваа година кога според мојата математика треба да имам најмалку 90.000 денари?

Добро, како да си ги завршам сите обврски во еден ден кога морам да бидам и магационер и маркетинг и нарачки и продажба и наплата?

Кај ми летаат парите? По цел ден работам и на крај пак се немам помрднато од исто место, никако да го зголемам обемот на работа на мојот бизнис.

 

Токму за Вас е овој курс – да Ви помогне и да Ви го олесни секојдневното справување со предизвиците кои ги носи сопствен бизнис. Не е лесно затоа што се милион обврски кои треба да се завршат, но само со мала оптимизација на активностите и подобра контрола ќе може да постигнете нови нивоа на развој на Вашата компанија.

Зошто Ви треба?

Затоа што работите за пари. Одлично е ако во тоа вложувате и многу љубов, но клучно е компанијата да генерира профит, инаку ќе водевте хуманитарна организација. Целта на курсот Управување со финансии за мали бизниси е да Ви даде информации, насоки и алатки за да целосно ја преземете контролата врз финансиите во Вашата компанија! Тоа значи повеќе пари на располагање, повеќе време за себе и повеќе самоуверени чекори кон идеите кои постојано Ви се “вртат” во глава.

Самиот курс трае 8 недели односно поделен е на 8 лекции во времетраење од 30 до 40 минути. Секоја недела се прикачува нова лекција на платформа придружена со краток прирачник и алатки (template калкулации во кои ќе треба да внесете бројки на точно определени места) кои ќе Ви помогнат да управувате со Вашите финансии на едноставен и ефикасен начин.

Што ќе учиме:

Поставување на цели/финансиски цели и активности во насока на нивно остварување

Креирање на буџет

Контрола на приходи и трошоци со акцент на подобрување на профитабилноста

Управување со готовина и подготовка на Извештај за готовински текови

Tips and tricks за генерирање на повеќе готовина

Сет за извештаи кои може да ги подготвите за 15 минути и да го имате цел бизнис на дланка

Прашања кои треба да му ги поставите на Вашиот сметководител

Кутија со статистички податоци (што е вистински life saver)

Вкупниот број на учесници е 15 и секој од учесниците како дел од курсот добива и сесија 1:1 во времетраење од 90 минути во кое се разговара конкретно за проблемите во Вашиот бизнис и правиле прилагодување на templates согласно на Вашите потреби. За цело времетраење на курсот Ви стоиме на располагање на било какви прашања.

После курсот ќе можете да:

  1. Зацртате остварливи цели, истите да ги преточите во буџет и да ја следите неговата реализација
  2. Навреме да преземете мерки доколку гледате проблеми кај готовината и профитабилноста
  3. Да бидете посвесни за развојот на својот бизнис и да ги минимизирате ризиците
  4. Да знаете што точно да побарате од Вашиот сметководител за да имате целосна контрола
  5. И конечно и можеби и најбитно, финансиите веќе нема да Ви предизвикуваат стрес и нервоза туку ќе ги гледате како алатка за побрзо постигнување на саканиот успех.

 

Цената на курсот е 85 евра.

 

Донесете одлука која истовремено ќе Ви овозможи фокус, смиреност и контрола.

 

Ја очекуваме Вашата пријава.