За нас

За нас

Прилагодени услуги за лесно постигнување на целите

Друштвото за финансиски консалтинг и интелектуални услуги ESSE Consulting е основано во 2017 година со цел на компаниите да им понуди услуги кои ќе бидат точно скроени за нивните потреби и ќе им служат како алатка за постигнување на целите. Дотогашното искуство на работење во различни компании од различни сектори ни покажа дека компаниите имаат потреба од надворешна свежа перспектива која ќе им отвори можности за развој. Исто така, потребни им се извештаи кои ќе бидат лесни за читање и врз основа на кои ќе може да се носат правилни одлуки.

Токму тоа го нудиме ние во ESSE Consulting: надворешни независни експерти кои за време на ангажманот стануваат дел од Вашата компанија се до остварување на целите. Партнерскиот однос ни е многу важен. Нудиме комплетна посветеност и достапност што значително ги олеснува деловните активности. Дополнителен бенефит е што менаџерите се ослободуваат од вршење на непотребно голем број на функции и се фокусираат на стратешките аспекти од бизнисот.     

Нашата мисија:

Компаниите да го разберат бенефитот од користење на надворешно експертско знаење во смисла на зголемена ефикасност, оптимизирани деловни процеси и подобрена профитабилност.

Целите се постигнуваат полесно со партнер кој е поддршка во сите сегменти од работењето.

Нашите вредности:

Ајде да работиме заедно!

Ви требаат повеќе информации за да донесете одлука?

Искористете го нашиот бесплатен first audit”, кратка анализа на вашите извештаи преку која дефинираме области од работењето на кои им треба подобрување и унапредување!