Изнајмување на CFO (финансиски менаџер)

Што значи изнајмување на CFO?

Надворешен финансиски експерт со врвно знаење во областа на финансии, сметководство, деловни процеси кој целосно ја презема функцијата финансии во една компанија во даден временски период. Предноста е што може да биде ангажиран на полно и на скратено работно време, да работи во рамките на компанијата и на remote основа (или комбинација од двете) и чини помалку отколку да се вработи внатрешен финансиски менаџер.

Кога Ви е потребен надворешен CFO?

Како надворешен CFO ќе додаде вредност за вашата компанија?

Водењето на бизнис со несоодветни финансиски информации е како обид за читање на критични вести на странски неразбирлив јазик. Потребен ви е преведувач кој ќе ви овозможи да разберете се што е напишано. Сопствениците на компании носат одлуки на дневна основа, но лесно може да се погреши ако финансиските извештаите даваат несоодветни или искривени податоци. Резултатот од овие одлуки може да биде влошена профитабилност, загрозена пазарна позиција и отежнат пристап до капитал