Политика на приватност

Краток опис: Ние прибираме лични податоци кои вие ни ги давате.

Ние прибираме лични податоци кои вие ни ги давате на доброволна основа кога се регистрирате за користење на нашите услуги, искажувате интерес за добивање информации за нас и нашите производи и услуги или кога директно не контактирате. 

Лични податоци дадени од ваша страна. Личните податоци кои ги прибираме зависат од видот на вашите интеракции со нас, како и производите и услугите што ги користите. Личните податоци кои ги прибираме вклучуваат:

имиња

емаил адреси

посакуван начин за стапување во контакт

податоци за контакт или автентикација

телефонски броеви

поштенски адреси

работни позиции

Чувствителни податоци. Ние не обработуваме чувствителни податоци  

 

Податоци кои се прибираат автоматски

Краток описНекои податоци – како што се вашата IP адреса и/или карактеристиките на пребарувачот или уредот кој го користите  се прибираат автоматски кога ќе ги посетите нашите услуги. 

Ние автоматски прибираме одредени податоци кога ги посетувате или користите нашите услуги. Овие податоци не го откриваат вашиот личен идентитет (вашето име или контакт податоци), но може да вклучуваат информации за уредот кој го користите, вашата IP адреса, пребарувачот, оперативниот систем, јазичните преференции, URL-адреси, име на уредот, земја и локација од која пристапувате кога ги користите нашите услуги и останати технички податоци. Овие податоци првенствено се потребни за одржување на безбедноста на нашите услуги, како и за интерни анализи и извештаи.

Како многу други компании, ние прибираме податоци со користење на колачиња и  останати слични алатки.

Податоците кои ги прибираме вклучуваат:

Податоци за логирање. Податоците за логирање се поврзани со користењето на нашите услуги, и нашите сервери автоматски ги прибираат тие податоци кога пристапувате кон користење на нашите услуги и добиените податоци ние ги евидентираме во нашите датотеки. Во зависност од вашата интеракција со нас, податоците евидентирани во датотеките може да ја вклучуваат вашата IP адреса, информации за уредот кој го користите, тип на пребарувач, информации за степенот на вашата активност при користење на нашите услуги (датум/време на активност, прегледани страници и документи), информации за функционалноста на уредот (извештаи за грешки и падови на системот и хардверски подесувања).

Податоци за уредот. Ние прибираме податоци за вашиот уред како што се информации за компјутерот, телефонот, таблетот или друг уред кој го користите при пристапување на нашите услуги. Во зависност од уредот кој го користите, податоците може да вклучуваат информации за вашата IP адреса (или прокси сервер), идентификациски броеви на уредот и апликацијата, локација, тип на пребарувач, модел на хардвер, давател на интернет услуги и/или мобилен оператор, оперативен систем и информации за конфигурацијата на системот.

Податоци за локација.  Ние прибираме податоци за локацијата, како што се информации за локацијата на вашиот уред, кои може да бидат прецизни или непрецизни. Колку податоци прибираме, зависи од типот и конфигурацијата на уредот што го користите при пристапување на нашите услуги.

 

Податоци прибрани од други извори

Краток описНие може да прибереме податоци од јавни бази на податоци, маркетинг партнери и други надворешни извори.

Со цел да ја подобриме нашата деловна способност и да ви обезбедиме релевантни услуги и понуди и да ги ажурираме нашите датотеки, може да прибереме податоци за вас од други извори, како што се јавни бази на податоци, заеднички партнери, придружни програми и други трети страни. Овие информации вклучуваат поштенски адреси, работни позиции, емаил адреси, телефонски броеви, податоци за однесување на корисниците, IP адреси, профили на социјални мрежи и URL-адреси, за целите на насочено рекламирање и промоција на настани.

 

  1. КАКО ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Краток опис:  Ние ги обработуваме вашите податоци за да ги унапредиме нашите услуги, да комуницираме со вас, заради безбедност и спречување измами и за усогласување со законската регулатива. Ние, исто така може да ги обработуваме вашите податоци за други цели со претходно добиена ваша согласност.

Ние ги обработуваме вашите лични податоци од различни причини, во зависност од вашата интеракција со нашите услуги што го вклучува следното:

Да се испорача и олесни испораката на услугите до корисникот. Ние може да ги обработиме вашите податоци за да ви ја обезбедиме бараната услуга.

Да одговориме на барањата на корисниците/ понудиме поддршка на корисницитеМожеме да ги обработиме вашите податоци за да одговориме на вашите барања и да ги решиме сите потенцијални проблеми што може да ги имате со бараната услуга.

За испраќање административни информации до вас. Ние може да ги обработиме вашите податоци за да ви испратиме детали за нашите производи и услуги, промени во нашите услови и политики и други слични информации.

За добивање повратен одговорНие може да ги обработиме вашите податоци кога е потребно да добиеме повратен одговор и да ве контактираме околу начинот на кој ги користите нашите услуги.

За испраќање маркетинг и промотивни кампањиНие може да ги обработиме личните податоци што ги испраќате до нас за нашите маркетинг и промотивни кампањи, доколку тоа е во согласност со вашите маркетинг преференции.

За да ги заштитиме нашите услуги. Ние може да ги обработиме вашите податоци како дел од нашите напори да ги одржиме услугите безбедни и сигурни, вклучувајќи следење и спречување на измами.

За идентификување на корисничките трендови. Ние може да ги обработиме податоците за начинот на кој ги користите нашите услуги за подобро да разбереме како може да ги унапредиме услугите.

За да ја одредиме ефективноста на нашите маркетинг и промотивни кампањи. Ние може да ги обработиме вашите податоци за да ги обезбедиме најрелевантните маркетинг и промотивни кампањи за вас.

Да се зачува или заштити виталниот интерес на поединецот. Ние може да ги обработиме вашите податоци кога е неопходно да го зачуваме или заштитиме виталниот интерес на поединецот, како што е спречување на штетни настани. 

 

  1. НА КОЈА ПРАВНА РЕГУЛАТИВА СЕ ПОВИКУВАМЕ КОГА ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Краток описНие ги обработуваме вашите лични податоци само кога веруваме дека тоа е неопходно и имаме валидна правна причина (т.е правна основа) да го направиме тоа според важечките закони. Ова го правиме со претходна ваша согласност за да ги обезбедиме потребните услуги, да ги исполниме нашите договорни обврски, да ги заштитиме вашите права да ги исполниме нашите легитимни деловни интереси.

Ако се наоѓате во ЕУ или Обединетото Кралство, овој дел се однесува на вас.

Општата регулатива за заштита на податоците бара од нас да ги објасниме важечките правни основи на кои се повикуваме за да ги обработиме вашите лични податоци:

СогласностНие може да ги обработиме вашите податоци само доколку од вас сме добиле согласност. Согласноста може да ја повлечете во секое време.

Извршување на договор. Ние може да ги обработиме вашите лични податоци кога сметаме дека тоа е неопходно за да ги исполниме нашите договорни обврски, вклучително и обезбедување на нашите услуги пред да склучиме договор со вас.

Легитимни интереси. Ние може да ги обработиме вашите податоци кога веруваме дека тоа е неопходно за да ги постигнеме нашите легитимни деловни интереси и тие интереси не ги надминуваат вашите интереси и основни права и слободи. На пример, може да ги обработиме вашите лични податоци за следните цели:

Испраќање на корисниците информации за специјални понуди и попусти на нашите производи и услуги.

Анализа како се користат нашите услуги за да можеме да ги унапредиме и да ги задржиме корисниците

Поддршка на нашите маркетинг активности

Дијагностицирање на проблеми и спречување на измами

Разбирање како нашите корисници ги користат нашите производи и услуги за да можеме да го унапредиме корисничкото искуство

Правни обврски. Ние може да ги обработуваме вашите податоци кога веруваме дека тоа е неопходно за усогласување со правната регулатива, како што е соработка со регулаторни тела за спроведување на законот, заштита на нашите законски права или споделување на вашите податоци како доказ во судски спор во кој сме вклучени.

Витални интереси. Ние може да ги обработуваме вашите податоци кога тоа е неопходно за да ги заштитиме вашите витални интереси или виталните интереси на трета страна, како што се ситуации кои вклучуваат потенцијални закани за безбедноста на било кое лице.

Во правна смисла, ние сме контроли на податоци според европските закони за заштита на лични податоци бидејќи ние ги одредуваме начините и целите на обработката на податоците која ја извршуваме. Оваа политика на приватност не се однесува на личните информации кои ги обработуваме како ,,обработувачи на податоци’’ во име на нашите клиенти. Во тие ситуации, клиентот на кој му даваме услуги и со кого сме склучиле договор за обработка на податоци е контролорот на податоци одговорен за вашите лични податоци, а ние само ги обработуваме вашите податоци во негово име во согласност со вашите инструкции. Ако сакате да дознаете повеќе за политиките за приватност на нашите клиенти, треба да ги прочитате нивните политики на приватност и сите прашања да ги адресирате кон нив.

 

  1. КОГА И СО КОГО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Краток опис: Може да споделиме податоци во конкретни ситуации опишани во овој дел и/или со трети страни.

Ние може да ги споделиме вашите лични податоци во следните ситуации:

Деловни трансфери. Може да ги споделиме вашите лични податоци за време на преговори при спојување на компании, продажба на имотот на компанијата, финансирање или стекнување на целиот или дел од нашиот бизнис на друга компанија.

 

  1. ДАЛИ КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА ИЛИ ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ?

Краток опис: Може да користиме колачиња и други технологии за следење за прибирање и складирање на податоци. Може да користиме колачиња и слични технологии за следење (web beacons и pixels) за пристап или складирање на информации.

 

  1. ДАЛИ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ВО МЕЃУНАРОДНИ РАМКИ?

Краток описНие може да ги пренесуваме, складираме и обработуваме вашите податоци и во други земји освен во вашата матична земја.

Нашите сервери се лоцирани во Република Македонија. Ако пристапувате до нашите услуги надвор од Република Македонија, имајте во предвид дека вашите податоци може да бидат пренесени, складирани и обработени од наша страна како и од трети страни со кои ние ги споделуваме вашите лични податоци во Репубика Македонија и други земји.

Ако сте жител на Европската Економска Зона или Обединетото Кралство, тогаш овие земји можеби немаат закони за заштита на податоци и други слични закони толку сеопфатни како оние во вашата матична земја. Сепак, ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да ги заштитиме вашите лични податоци во согласност со оваа политика на приватност и важечкиот закон.

Стандардни договорни клаузули на Европската комисија:

Ние спроведовме мерки за заштита на вашите лични податоци, со користење на стандардните договорни клаузули на Европската комисија за пренос на лични податоци помеѓу трети страни. Овие клаузули бараат од сите приматели да ги заштитат личните податоци што ги обработуваат и кои потекнуваат од Европската Економска Зона или Обединетото Кралство во согласност со европските закони и регулативи за заштита на податоците. Нашите стандардни договорни клаузули може да бидат обезбедени по претходно доставено барање. Спроведовме слични соодветни заштитни мерки со нашите трети страни – даватели на услуги и партнери и дополнителни детали може да се обезбедат по претходно доставено барање.

 

  1. КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Краток описГи чуваме вашите податоци толку долго колку што е потребно за да ги исполниме целите предвидени со оваа политика за приватност, освен ако поинаку не е предвидено со закон.

Ќе ги чуваме вашите лични податоци толку колку што е потребно за остварување на целите наведени во оваа политика за приватност, освен ако по сила на закон не е предвидено подолго чување (даночни, сметководствени или други законски барања). Ниту една цел наведена во оваа политика за приватност не бара од нас да ги чуваме вашите податоци подолго од временскиот период во кој корисниците се активни на нашата платформа.