Проектирањето има за цел да го предвиди работењето на компанијата во поблиска иднина (едногодишни планови) и подалечна иднина (среднорочни планови). Многу е значајно компанијата да знае каде се движи односно што сака да постигне во следен дефиниран временски период. Сепак, финансиското проектирање може да биде предизвик ако компанијата нема доволно ресурси, персонал или време кое ќе го посвети на оваа задача. Тука можеме ние да ви помогнеме. Ќе работиме заедно за да ги разбереме вашите цели и да составиме реални проекции кои ќе ви служат како мапа за тоа каде треба да стигнете.
Зошто е значајно финансиското проектирање?
Проекција на Биланс на успех
Финансискиот модел ќе ги предвиди приходите, оперативните трошоци, трошоците на продадени добра, бруто добивка, бруто маргина, оперативна добивка, оперативна маргина, нето добивка и нето маргина
Проекција на Извештај за готовински текови
Проекцијата на готовинскиот тек ја покажува вашата ликвидносна позиција односно детален преглед на месечните приливи и одливи за дефиниран временски период
Проекција на Биланс на состојба
Билансот на состојба ја покажува вредноста на компанијата на даден ден во иднина и ги поврзува информациите од Билансот на успех и Извештајот за готовински текови
Анализа на коефициенти
Пресметка на коефициенти структуирани во 4 групи: ликвидност, солвентност, задолженост, профитабилност, како и нивна споредба со просекот во индустријата
Процесот на работа е многу едноставен:
Подготвени сте да работиме заедно?
Доколку имате некои дилеми, побарајте не за да можеме да поразговараме и да ви помогнеме во растот на вашата компанија