Целта на финансиското известување е да им помогне на сопствениците на компании да носат рационални одлуки базирани на реални податоци. Во оваа сфера ви помагаме на 2 начини: собираме податоци кои ги преточуваме во извештаи или вршиме анализа на веќе подготвени извештаи за да го симплифицираме процесот на донесување на одлуки. Всушност, финансиското известување е исто комплексно без оглед на големината на компанијата, па со оваа услуга ви ослободуваме време кое може да го користите попродуктивно.
Зошто е значајно финансиското известување?
Извештај за готовински тек
Клучен елемент за успех на бизнисот е расположливост на готовина. Колку е подобар готовинскиот тек, толку се поголеми можностите за инвестирање и подобрување на работењето. Следењето на готовината, односно од каде има приливи и каде се трошат парите е од особено значење за носење на паметни одлуки
Реализација VS План
Споредбата на реализираните бројки во однос на планот им овозможува на компаниите да ги увидат “проблематичните” подрачја од работењето и навремено да преземат активности за исполнување на планираните цели
Неделни извештаи за продажба
Од продажбата зависат приходите, а последователно и готовината. Токму затоа е многу значајно континуирано да се следат продажбите и да се реагира соодветно за да може компанијата да ги постигне саканите стапки на раст
Анализа на профитни маргини
Анализата на профитните маргини на квартално ниво ви помага во подобро управување со приходите, трошоци и унапредување на продажната функција. Всушност, профитната маргина покажува колкав дел од приходите се трансформирал во профит
Процесот на работа е многу едноставен:
Подготвени сте да работиме заедно?
Доколку имате некои дилеми, побарајте не за да можеме да поразговараме и да ви помогнеме во растот на вашата компанија