За start-up, финансиското моделирање е алатка која низ бројки ја изразува дефинираната визија и стратегија. Всушност, се дава приказ на потенцијалните приходи, трошоци, профит и готовина низ 3 финансиски извештаи: Биланс на состојба, Биланс на успех и Извештај за готовински текови. Финансиската проекција треба да покаже дали идејата е финансиски исплатлива односно дали е привлечна за потенцијалните инвеститори.
Неколку клучни прашања што треба да се земат во предвид при креирањето на финансискиот модел се следните:
Проекција на Биланс на состојба
Корисни прашања: Кои основни средства треба да се набават, како ќе се финансира бизнисот, каква ќе биде структурата на капиталот
Резултат: Преглед проекција на средствата, обврските и капиталот на компанијата на определен датум
Резултат: Преглед проекција на средствата, обврските и капиталот на компанијата на определен датум
Проекција на Биланс на успех
Корисни прашања: Колку групи на производи/услуги ќе има, каква е ценовната стратегија, кои се типовите на трошоци, колкав е бројот на вработени, колкава е иницијалната инвестиција
Резултат: Проекција на приходи, трошоци, COGS, ЕБИТДА, ЕБИТ, нето профит, профитни маргини
Резултат: Проекција на приходи, трошоци, COGS, ЕБИТДА, ЕБИТ, нето профит, профитни маргини
Проекција на Извештај за готовински текови
Корисни прашања: Политика на наплата (колку денови), структура на добавувачи, кој е таргетираниот пазар, колку години бизнисот нема да генерира приходи (само инвестирање)
Резултат: Расположлив готовински тек на крајот на периодот
Резултат: Расположлив готовински тек на крајот на периодот
Процесот на работа е многу едноставен:
Имате дополнители прашања?
Ќе ни биде задоволство да ги одговориме и да ви помогнеме во процесот на почнување сопствен бизнис