Менторирање и обуки

Целта на процесот на менторирање и обуки е да се споделат бизнис тактики кои функционираат и кои може да го подобрат работењето на компанијата. Ние ве водиме низ сите чекори до крајната дестинација, а тоа е профитабилен бизнис. Почнуваме од детална анализа на бизнис планот, како и тековните активности за да може да се утврдат подрачјата на кои им треба унапредување и подобрување. Потоа ви стоиме во целост на располагање со совети за секоја одлука и активност која планирате да ја преземете. Никој не знае се, па мала помош на почетокот може драстично да ги промени изгледите за успех на бизнисот.  

Што правиме ние за вас?

Како го правиме тоа?

Пристап до финансирање

Искуството во преговори со банки, како и во подготовка на апликации (вклучително и бизнис план), ни овозможува да добиеме подобри услови кои се од особено значење на почетокот

Избегнување на грешки и справување со предизвици

Работењето во различни индустрии и со различни компании ни овозможува однапред да предвидиме одредени ситуации и да сме целосно подготвени за справување со предизвиците со решенија кои веќе докажано функцонираат. Ви заштедуваме нерви, време и средства

Идентификација на слаби точки и подобрување на ефикасноста

Ви помагаме да ги дефинирате процесите и работните активности за да може компанијата “да расте” без проблеми. Со независно надворешно мислење полесно ги идентификувате потенцијалните слабости и навремено работите на нивна корекција

Имате дополнители прашања?

Ќе ни биде задоволство да ги одговориме и да ви помогнеме во процесот на почнување сопствен бизнис