Тековно финансиско планирање и анализа
Подготовка на краткорочни и среднорочни планови. Подготовка на годишен буџет со проценка на приходи, трошоци, расположлива готовина и управување со долгови. Анализа на краткорочни и долгорочни потреби за финансирање
Анализа на финансиски предности и слабости
Анализа на финансиската слика на компанијата во смисла на готовина (вишок/недостаток), задолженост, можности за инвестирање, профитабилност, оперативно работење и процеси со насоки за подобрување на ефикасноста и ефективноста
Анализа на продажните цени и трошковната структура
Анализа на тоа како компанијата заработува пари и како ги троши, кои се најзначајните трошоци и нивна оптимизација, анализа и подобрување на профитни маргини и break-even point, анализа на ценовна политика: како и кога да се зголемат цените
Поддршка при пристап до финансирање
Анализа на расположливи опции за финансирање на бизнисот (финансиски и нефинансики институции), адекватна комбинација на долг/капитал, подготовка на бизнис план и останата документација, преговори за услови со банки
Подготовка на менаџерски финансиски извештаи
Месечни и квартални финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за готовински тек) кои се лесни за разбирање и погодни за брзо носење на информирани одлуки. Калкулација на финансиски показатели
Процена на финансиската оправданост од воведување на нови производи и услуги
Дали воведување на нов призвод/услуга ќе ја подобрат профитабилноста на компанијата, калкулација на нето сегашна вредност и интерна стапка на рентабилност, опортунитетни трошоци и анализа на профитни маргини пред и потоа
Зошто да ги доверите финансиите на надворешен експерт?
Затоа што добивате најголема вредност за средствата кои ќе ги вложите: целосна финансиска поддршка под флексибилни услови кои вие ги диктирате