Најтешката работа кога станува збор за start-up не е само напорот бизнисот да преживее, туку и забрзано да расте, особено во првите 5 години. Тоа значи дека ви треба многу добра стратегија што ќе ве води низ предизвиците и турбулентните периоди. Детален бизнис план ќе ви помогне да сфатите дали вашата идеја е финансиски оправдана и изводлива, односно дали во крајна линија ќе резултира со профит.
Подготовката на стратегија односно детален бизнис план треба да даде одговор на следните прашања:
Дефинирање на визија и цели
Корисни прашања: Кој е потрошувачот, што се продава, каков е планот за раст, која е компаративната предност на производот, што како сопственик сакате да постигнете со бизнисот, дали ви се потребни вработени
Резултат: Визија која е водечка сила на бизнисот и дефинирани краткорочни (фокус на едногодишните цели) и долгорочни цели
Резултат: Визија која е водечка сила на бизнисот и дефинирани краткорочни (фокус на едногодишните цели) и долгорочни цели
Дефинирање на таргет потрошувачи и конкуренција
Корисни прашања: Која потреба на потрошувачот е незадоволена, кој проблем го решава вашиот производ, кои ви се конкуренти, каков е нивниот пристап за продажба, кои се нивните предности и слабости, кој е таргет пазарот
Резултат: Внимателно избран пазарен сегмент со реален потенцијал за раст и тактики за справување со конкуренцијата
Резултат: Внимателно избран пазарен сегмент со реален потенцијал за раст и тактики за справување со конкуренцијата
Проекции на готовински тек и SWOT анализа
Корисни прашања: Како ќе заработувате, кој е вашиот праг на рентабилност, дали бизнисот генерира доволно готовина, кои се вашите предности и слабости, можности и ризици
Резултат: Финансиски проекции на приходи, трошоци, профит, потребна инвестиција како и анализа на предности, слабости, можности и ризици (SWOT)
Резултат: Финансиски проекции на приходи, трошоци, профит, потребна инвестиција како и анализа на предности, слабости, можности и ризици (SWOT)
Маркетинг стратегија
Корисни прашања: Кој е идеалниот потрошувач, како до подобро позиционирање, кој е идеалниот микс на алатки за пазарен успех, која е успешната маркетинг формула за вашиот бизнис
Резултат: Маркетинг план “чекор по чекор” за постигнување максимален пазарен резултат
Резултат: Маркетинг план “чекор по чекор” за постигнување максимален пазарен резултат
Процесот на работа е многу едноставен:
Имате дополнители прашања?
Ќе ни биде задоволство да ги одговориме и да ви помогнеме во процесот на почнување сопствен бизнис