Управување со деловни процеси

Управување со деловни процеси е структуиран пристап со цел подобрување на процесите во рамки на компанијата кое ќе резултира со постигнување на нејзините цели. Со користење на различни алатки и техники се анализира тековната состојба, се креира модел кој најдобро ќе ги задоволи потребите на компанијата, се имплементираат промените, се следи функционирањето на новите процеси и континуирано се работи на нивно подобрување за да се постигнат саканите резултати. Процесот е многу динамичен и индивидуален, се зависи од компанијата: со какви ресурси располага, колкав ќе биде обемот на проектот и колку компанијата верува во додадената вредност од подобрените процеси.

Зошто е значајно да се инвестира во подобрување на деловните процеси?

Дизајнирање

Анализа на тековната ситуација и подрачја кои може да се подобрат. Се дизајнираат идеални процеси под истите услови со користење на стандардизација и автоматизација

Моделирање

Се тестира моделот во различни сценарија и во сменети услови на работење

Имплементација

Се имплементираат новите решенија, вклучувајќи стандардизација и автоматизација на процеси

Следливост и оптимизација

Се следи функционирањето на новите решенија и континуирано се подобруваат за да може да ги пресретнат зголемените потреби на компанијата

Ви требаат дополнителни информации?

Слободно побарајте не, за да можеме да ви го објасниме процесот и додадената вредност за вашата компанија.