Управување со готовина е процес на управување со приливите и одливите на готовина и користење на вишокот средства за инвестирање. Вклучува ефективна наплата на побарувања и навремено плаќање на обврски без казни и камати. Недостатокот на готовина е сериозен проблем и влијае на секојдневните активности на компанијата загрозувајќи ја нејзината ликвидност.
Зошто е значајно управувањето со готовина?
План за потребата од готовина
Дефинираме минимален износ на готовина со кој компанијата мора да располага во секое време за да може да ја задржи и одржи својата ликвидност и солвентност.
Воспоставување на систем за следливост на плаќање и наплата
Согласно на динамиката на плаќање на обврските и наплата на побарувањата, воспоставуваме систем на следливост кој ќе ја подобри контролата на ликвидносната позиција во секое време
Проекција на годишен Извештај за готовински текови
Проекцијата на готовинскиот тек ја покажува вашата ликвидносна позиција односно детален преглед на месечните приливи и одливи за дефиниран временски период
Процесот на работа е многу едноставен:
Подготвени сте да работиме заедно?
Доколку имате некои дилеми, побарајте не за да можеме да поразговараме и да Ви помогнеме во управување со готовината